АТП против одлуката на Вимблдон
– Здружението на тениски професионалци (АТП) изрази вечерва несогласување со одлуката на организаторот на најпрестижниот грен – слем турнир Вимблдон да им забрани настап на руските и белоруските играчи поради инвазијата врз Украина.
– Нашиот спорт се гордее со функционирањето врз принципите на заслужен и фер успех каде играчите се натпреваруваат как
Во соопштението, како што пренесува агенцијата Бета, се нагласува дека одлуката за исклучување на руските и белоруските тенисери е во спротивност на договорот меѓу АТП и Вимблдон.
– Дискриминацијата врз национална основа, исто така, претставува кршење на нашиот договор со Вимблдон според кој настапот на играчите на турнирот се базира исклучиво врз постигнатите резултати. Притоа, важно е да истакнеме дека руските и белоруските тенисери и натаму ќе можат да настапуваат на АТП турнирите без национални обележја. Паралелно со тоа, ќе продолжиме со хуманитарната поддршка за Украина, порача АТП.
Во ланското издание на Вимблдон, рускиот тенисер Данил Медведев играше во полуфиналето, додека настап меѓу четирите најдобри во женска конкуренција обезбеди Белорусинката Арина Сабаленка.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
