„Астра-Зенека“: Новиот лек за рак на дојка, „Трукап“ не ги исполни своите цели
Фармацевтската компанија „Астра-Зенека“ денеска соопшти дека новиот лек за рак на дојка „Трукап“ (Truqap), во комбинација со хемотерапиското средство „Паклитаксел“, не ги исполнил своите главни цели во доцната фаза на испитување во однос на подобрувањето на целокупното лекување кај пациенти со некои видови рак на дојка.
- Иако сме разочарани од исходот на проектот „КАПИтелло-290“, овие резултати ќе ги унапредат нашите сознанија за улогата на патеката „ПИ3К/АКТ“ кај ракот на дојката, изјави Сузан Галбрајт, потпретседателка одговорна за онколошки истражувања и развој во „Астра-Зенека“.
Испитувањата, познати како „КАПИтелло-290“ (CAPItello-290), проучуваа дали комбинацијата на лекови ќе го подобри целокупното преживување кај пациенти со неоперабилен или метастатски тројно-негативен рак на дојка во споредба со постариот и поевтин лек за хемотерапија - „Паклитаксел“, а комбиниран со плацебо. Инаку, тројно-негативниот карцином на дојка останува еден од најпредизвикувачките облици на болеста за лекување, поради недостаток на познати цели за биомаркери, а режимите засновани на хемотерапија остануваат главен во третманот, според „Астра-Зенека“.
Студијата, се вели, не успеа да ги исполни своите цели ниту кај целокупната пробна популација, ни кај подгрупата на пациенти со тумори коишто носат специфични промени на биомаркерите.
Ново на Сител
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
-

Гаши: Неопходен е компромис за Бадентер, Собранието мора да се деблокира
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
