Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот

Дисциплинската комисија на ФИФА ги изрече казните за инцидентот по финалето и поразот од Шпанија со 0:1. Аргентинската репрезентација и нејзините фудбалери добија високи казни.
Најголема казна доби Леандро Паредес, кој доби суспензија од 10 натпревари, а неговиот соиграч од репрезентацијата Нахуел Молина доби забрана за настап на седум натпревари. Тиаго Алмада е казнет со еден натпревар, а помошниот тренер Ајала со три натпревари.
Казна има и за шпанскиот репрезентативец Гави, кој има суспензија од еден натпревар.
Паредес и Молина ќе треба да платат и парични казни во висина од 90.000 американски долари, а додека другите тројца Алмада, Ајала и Гави добија парични казни од 30.000 американски долари.
Суспензиите се однесуваат само за репрезентативни натпревари.
Аргентина ќе мора и два натпревара на домашен терен да игра без присуство на публика, додека Аргентинската федерација ќе треба да плати 250.000 американски долари.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
