Арагчи повторно ќе го посети Пакистан

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) синоќа изјави дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи денеска, по завршувањето на неговата посета на Оман, повторно ќе отпатува за Пакистан.
-Арагчи повторно ќе го посети Пакистан, пред да отпатува за Москва, наведе ИРНА.
Дел од делегацијата на Арагчи вчера од Исламабад се врати во Техеран на консултации и за да ги добие потребните инструкции за прашања поврзани со завршувањето на војната. Тие вечерва ќе му се придружат на Арагчи во Исламабад.
Шефот на иранската дипломатија вчера во Исламабад се сретна со началникот на пакистанската армија Асим Мунир и со премиерот Шехбаз Шариф.
Во Исламабад требаше да пристигнат и претставниците на американскиот претседател – Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Но, нивното патување беше откажано од Доналд Трамп со образложение дека САД ги „држат сите карти во раце“ и оти нема потреба од долги летови за „да седат и да разговараат за ништо“.
Трамп по откажувањето на мисијата на Виткоф и Кушнер изјави дека тоа не значи нужно продолжување на војната со Иран, додека Арагчи потегот го оцени како несериозност.
-Не е јасно дали САД навистина се сериозни во дипломатијата, објави Арагчи на платформата Икс.
МИА
Ново на Сител
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
-

Преглед на вестите од светот
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
