Свет
26. August 2026 - 16:26

Апокалиптични сцени во Непал: Стотици исчезнати и десетици загинати по катастрофални поплави

Катастрофални поплави денеска го погодија Непал, при што загинаа десетици луѓе, а стотици се водат како исчезнати. Најтешко е погоден планинскиот округ Расува, во близина на границата со Тибет.

Според последните информации, најмалку 22 лица го загубиле животот, додека стотици сè уште се водат како исчезнати. Меѓу исчезнатите има и голем број странски туристи.

Огромниот воден бран однел куќи, возила и делови од патната инфраструктура, а оштетени се и мостови и хидроенергетски објекти. Особено погодени се подрачјата долж реките Боте Коши и Тришули.

Според првичните проценки на експертите, катастрофата најверојатно била предизвикана од лавина од мраз и карпи која блокирала водотек, по што насобраната вода ненадејно се пробила и предизвикала огромен поплавен бран.

Во погодените области се распоредени припадници на армијата, полицијата и спасувачките служби, а во потрагата се вклучени и хеликоптери. Властите ги повикаа жителите покрај реките да се повлечат на повисоки и побезбедни места поради опасност од нови поплави.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)