Апликација го претвораше iPhone во чаша пиво и му носеше 20.000 долари дневно – по 90 милиони преземања, креаторот замина на фарма

Една од првите вирални апликации на iPhone, iBeer, стана вистински хит по лансирањето на App Store во 2008 година.
Апликацијата, создадена од Стив Шератон, чинела 2,99 долари и го претворала екранот на iPhone во виртуелна чаша пиво. Кога корисникот ќе го навалел телефонот, пивото на екранот се „празнело“, создавајќи илузија дека навистина пие од телефонот.
Едноставната идеја се претворила во огромен успех па така iBeer на Шератон во најпопуларниот период му носела и до 20.000 долари дневно.
Апликацијата подоцна преминала на бесплатен модел, а во 2014 година го достигнала прагот од околу 90 милиони преземања.
И покрај огромниот успех, Шератон подоцна се повлекол од бизнисот. Тој зборувал за стресот и анксиозноста што ги носел успехот, а на крајот избрал помирен живот на фарма во Шпанија, каде што продолжил да создава специјализирани апликации, меѓу другото и за магионичари.
Ново на Сител
-

Производителите на пиперки го блокираа патот Прилеп-Битола, велат дека откуп воопшто нема
-

УГД - Летна школа, како до почист воздух, вода и почва
-

ЕУ донираше возила и опрема за Царинската управа
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за трошоците за прославата
-

ООУ „Св. Климент Охридски“ од М. Брод единствено училиште кај нас со сопствена кујна со топол оброк за учениците
-

Александар Степанулески е 34-тиот победник на фестивалот „Ристо Шишков“
-

Бројните организирани забави до повисоки приходи за хотелите
