Македонија
5. March 2022 - 16:40
Апел за стопирање на непланската урбанизација во Охрид
Неконтролираната урбанизација мора да запре, децидни се граѓанските организации бидејќи како што велат градот ќе биде ставен на црната листа на Унеско.
Тие бараат усогласување на Законот за урбанизација со Планот за управување со Унеско и зачувување на визуелниот изглед на градбите во Охрид.
Бараат да се заштити овој реон бидејќи моќниците градат каде сакаат и колку сакаат.
Согласно препораките на Унеско и планот за управување не се води сметка за големината на објектите, габаритите се предимензионирани со цел да се задоволат апетитите на поединци.
Инаку според НП Галичица регистрирани се над 500 дивоградби,додека во однос на оние кои се пријавени во локалната самоуправа има над 1000 дивоградби.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
