Македонија
27. August 2023 - 16:43

Антикорупциска ќе проверува како донаторот на ДУИ од Желино доби милионски тендер од Османи

Антикорупциска под лупа ја става фирмата од Желино која доби тендер од 1,8 милиони евра од  МНР со кое раковдои Бујар Османи за да органзира настан на ОБСЕ, а која воедно и е најголем донатор на ДУИ, матичната партија на министерот.

На „Еуровиа“ во сопственост на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот втор човек во ДУИ Абдулаким Адеми, ова и е трет тендер за нецела година. Таа го доби и тендерот за изградба на полициската станица во Аеродром вреден 2 милиони евра, како и тендерот за реконструкција и пренамена на објекти за Универзитетот „Мајка Тереза”.

Од друга страна, фирмата донирала на ДУИ 1,85 милиони денари како правно лице, додека Ељмедин лично на партијата и дал нешто над 2,5 милиони денари.

Од министерството на Османи пак, тврдат дека избрале најповолен изведувач од четири пријавени фирми за адаптација на салата „Борис Трајковски“, каде во декември ќе се одржи министерскиот состанок на ОБСЕ чииј предавачи сме. Тврдат дека целата постапка била законска и транспарентна.

„ Избраната компанија имаше понудено убедливо најниска цена, која достигнува разлика и до два и пол пати пониска од трето-рангираната и четврто-рангираната компанија. Увид во постапката и изборот кој е целосно согласно процедурите имаат сите институции и јавноста, а одлуката ја потврди и второстепената Комисија. За предвидените работи беше склучен договор во рамковен износ до 95 милиони денари, а ќе се искористи согласно потребите и поединечните цени понудени како најниски за извршените работи“,соопштуваат од МНР.

Од таму дообјаснуваат дека се работи за адаптација на просторот според услови што ги побарала самата организација и според безбедносните протколи за прием на 70 министри за надворешни работи. Од МНР тврдат дека македонското претседавање со ОБСЕ е едно од тие со најнизок буџет.

Според договорот, ќе се поправа и ќе се поставува нова електрична инсталација, нова климатизација и системи за греење и ладење, ќе се поставуваат и билјерски единици за топла вода, ќе има партнерно уредување. Сепак, најголемите пари ќе се потрошат за адаптација на просторот и за мебел. Покрај главните сали, предвидени се десетина канцеларии за делегации, билатерални простории, пулотови за помош, прес-сали, но и простор за одмор, кафетерии, простор за возачи и вип простории. Од мебел, освен паноа, маси, пултови, ќе се набавуваат и троседи за релексација за делегати, коњопои, клуб масички и декорации за енетериер. 

Опозицијата реагираше дека ова се премногу пари за еден настан и дека со нив може да се изгради цел еден нов објект.