Македонија
26. February 2023 - 16:48

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг, Мицкоски со највисока доверба

ВМРО-ДПМНЕ има повеќе рејтинг од СДСМ и ДУИ заедно, покажува најновата анкета која за порталот МКД ја спроведе агенцијата Маркет Вижн. Според на наредните избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 21,8% од граѓаните  додека 12,4% поддршката ќе ја дадат за СДСМ. ДУИ има поддршка од 8,2% по што следат Левица со 4,5 и Алијанса со 3,7%. Беса има 2,3% рејтинг а Алтернатива е под 1%.
Мицкоски е политичар со најголема доверба од 11% по што следат Ковачевски, Ахмети и Апасиев.

Мнозинството граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што има најголем капацитет за водење на економската и надворешната политика. Интересно е што и покрај силното опозициско расположение на гласачите, мнозинството од нив или 54% сметаат дека следните избори треба да се одржат во редовниот термин додека за предвремени се третина од анкетираните.

Анкетата покажува дека дури 61% од граѓаните изјавиле дека сигурно ќе гласаат на следните избори што е раст за 5 поени во однос на последната анкета која Маркет Вижн ја спроведе во ноември лани.
Анкетата на Маркет Вижн е спроведена телефонски во периодот од 6 до 16 февруари на репрезентативен примерок од 1200 испитаници со 3% маргина на грешка.

Во СДСМ сметаат дека анкетата е погрешна. Ја нарекоа обид за манипулација со граѓаните.
„Останува фактот дека вакви анкети излегуваат секогаш кога Христијан Мицкоски ќе доживее пораз на политичката сцена во земјава, кога ќе излезе спротивно од она што го говори или кога треба да се покрие некаков скандал со раце во медот.

Нарачани анкети имаше и пред изборите во Маврово Ростуше и Центар Жупа кога се тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност за на крај Мицкоски да доживее пораз.“ – се вели во реакцијата на СДСМ