Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран

Во текот на денешниот ден на територијата на државата избија повеќе пожари на отворен простор од кои два кај Велес и Дојран се проширија во поголеми пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и додаде дека веќе е воспоставена делумна контрола и кај нив.
-Првиот поголем пожар е на територијата на општина Велес, во атарот на селото Каласлари во насока кон Свети Николе. Тој пожар во овој момент е ставен под контрола. Храбрите велешки пожарникари со поддршка од тим од Национални шуми успеаја да воспостават контрола врз овој пожар. Во гасењето на овој пожар поддршка даде и еден воздухоплов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Во овој момент наредив негово повлекување, бидејќи нема потреба од ер-трактор понатаму да дејствува на овој пожар, изјави Ангелов.
Вториот тежок пожар, како што кажа, се наоѓа на територијата на општина Дојран и избувна на граничната линија помеѓу Македонија и Грција.
-Пожарот почна да се шири во двете насоки - кон грчка и кон македонска страна денеска попладне, а нешто потоа се искачи по блиските ридишта на терен кој е исклучително тежок за движење - обраснат со многу трње и грмушки, како и друга висока вегетација. Поради ветерот кој се уште дува овој пожар се закануваше да се движи во насока на куќите, но благодарение на акцијата на гевгелиските пожарникари кои работат на негово гаснење со поддршка на добровилци пожарникари од Дојран веќе е воспоставена делумна контрола и очекувам во наредниот период да биде воспоставена целосна контрола и да биде изгаснат во текот на ноќта. Други потешки пожари во овој момент немаме, потенцира Ангелов.
Апелирше граѓаните да бидат исклучително внимателни, бидејќи, како што посочи, сезоната на пожари оваа година започна порано отоклку во минатата година. Информира дека Владата прогласи кризна состојба за справување со пожарите која стартува од утре.
МИА
Ново на Сител
-

СП2026: Досега 4.64 милиони гледачи
-

Уапсен еден од најмоќните мафијашки шефови во Европа, Дон Мико
-

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило, од нив двајца малолетници
-

Погребот на Владо Јаневски ќе биде одржан во среда на Градските гробишта во Бутел
-

Од полноќ поевтин дизел, поскапување на бензинот
-

Казината и обложувалниците се селат на 500 метри од училиштата, усвоен Законот за игри на среќа
-

Подната фонтана на плоштадот се враќа во функција по повеќе од 10 години запуштеност
-

Пет колапси на жештините денес во Скопје, докторите апелираат да не се излегува од 11 до 17 часот
