Ангелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, по вчерашното невреме што го зафати Скопје и предизвика материјални штети и паднати дрвја, порача дека природата е „најголемиот контролор“ на сѐ што е изградено од човекот и дека нејзината проверка е објективна и неселективна.
Ангелов наведува дека природните непогоди на најсуров начин покажуваат дали при изградбата на објектите се почитувани законите, прописите и стандардите.
- Оние градби кои не ги исполнуваат неопходните критериуми природата ги оштетува, корне или руши. Без двојни стандарди, без ургенции, без пријателски врски - истакнува Ангелов.
Тој посочува дека природата не прави селекција ниту кога станува збор за дрвјата, при што ги крши слабите гранки и корне нестабилни или оштетени дрвја.
- Природата не ја интересираат ниту еколошките организации кои ги штитат дрвјата дури и тогаш кога тие се стари, нестабилни или гнили. Природата чисти сѐ по ред. Ги корне или крши слабите гранки, корне и крши цели дрвја - дополнува тој.
Апелира до сите учесници во процесот на градење да бидат совесни и доследно да ги почитуваат предвидените норми и стандарди, бидејќи, како што наведува, никој не знае кога природата повторно ќе изврши „контрола“.
Воедно, директорот на ДЗС ги повика и еколошките организации да покажат поголемо разбирање во случаите кога надлежните институции проценуваат дека е неопходно отстранување на стари и нестабилни дрвја со цел да се спречат несреќи и материјални штети.
- Безбедноста е на прво место - порачува Ангелов.
МИА
Ново на Сител
-

МВР: Во Скопје евидентирани 117 оштетени возила и 10 повредени лица
-

Облачно со сончеви периоди, услови за пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
