Ангелов: Изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, граѓаните да бидат особено внимателни поради висок ризик од пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи доволна е само искра која ако падне на сува трева може да настане вистинска катастрофа.
- Утрово селата Бонче, Подмоље и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп, доброволните пожарникари ангажирани преку ДЗС, сите ние кои се наоѓаме во селото Лопатица кое синоќа беше загрозено од пламените јазици. Пожарната линија која беше видлива од регионалниот пат Прилеп Битола е целосно изгасната, активен е само уште еден крак високо над селото Бонче. Голема благодрност до прилепските пожарникари кои ноќва со контра пожар којшто го правеа над една противпожарна пресека во непосредна близина на село Лопатица, претходно изработена со механизациј успеаја да го прекинат огнот и да не му дозволат да ја премине пресеката и на тој начин да го загрози селото Подмоље - рече Анеголов.
Тој исто така му се заблагодари и на тимот за Брз одговор на ДЗС, составен од пожарникари од Битола и Кочани кои се качиле високо на ридовите околу селата и ја гаселе со километри долгата огнена линија.
Ангелов вели дека е загрижен дека зголемувањето на температурите околу пладне на одредени делови огнената линија да биде реактивирана.
- Но, наша задача е да внимаваме на неа. Овде има пожарникари од Прилеп и исто така се наоѓаат и посадите на двата Пинцгауери кои ќе внимаваат и доколку дојде до реактивирање, да ја изгаснат. Пожарот и од мариовската страна е изгаснат или ставен под целосна контрола. Оптимист сум дека денеска имаме можност да му го зададеме последниот удар па и на мое изненадување целосно да го изгаснеме овој најголем пожар оваа сезона - рече Ангелов.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Пет активни пожари, два под контрола
-

Таранто 2026: Четврто учество на македонските спортисти на Медитерански игри
-

Ангелов: Изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, граѓаните да бидат особено внимателни поради висок ризик од пожари
-

Министерот Клековски ќе информира за состојбата со западнонилска треска во државата
-

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа
-

Брисел: Украина сама треба да одлучи кога ќе одржи избори, ЕУ е подготвена да помогне
-

Трамп потпиша меморандум за зголемување на комерцијални вселенски лансирања
-

Хрватската Влада забранува исклучување на електричната енергија за ранливите потрошувачи
