Анџелина Џоли и Бред Пит повторно во добри односи
По разводот што официјално заврши лани, и по бурниот период претходно, Анџелина Џоли и Бред Пит, се чини, повторно се во добри односи…
Како што пренесува „Ентертејнмент викли“, извор близок до поранешниот пар, што претпочита да остане неименуван, Бред сѐ почесто престојува во домот на Џоли, но сето тоа е поради децата.
-Тие дури и избраа да живеат блиску еден до друг поради децата… Претходно, тие буквално не можеа да зборуваат еден со друг. Тоа беше тежок период и сето тоа го направи и разводот и договорот околу старателството врз децата уште поголем предизвик, коментира анонимниот пријател.
Тој натаму вели дека на Бред и Анџелина сега им е битно – нивните деца да бидат здрави и среќни и да имаат поддршка од двајцата родители.
– Беа потребни години за да се надминат разликите и тие конечно се на местото каде што може да градат здрав соживот, како родители, додава неименуваниот пријател.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
