Спорт плус
29. August 2026 - 18:13

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта

Македонскиот кикбоксер Андреј Смилевски обезбеди пласман во големото финале на Светскиот куп во Будимпешта, откако денеска забележа убедлива победа со 3:0 против Ник Рекар од Словенија.

Смилевски продолжи со одличните настапи на турнирот и со сигурна борба го завери местото во мечот за златниот медал, кој е закажан за утре.