Анчелоти идната недела на суд за даночна измама

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти идната недела ќе се соочи со обвинение за даночна измама, соопшти денеска Високиот суд на правдата во Мадрид.
Италијанскиот тренер, против кого Обвинителството побара казна затвор од четири години и девет месеци, е обвинет дека во периодот од 2014 до 2015 година ја измамил шпанската државна каса за повеќе од еден милион евра со тоа што не пријавил приходи од комерцијални права.
Според портпаролот на судот во Мадрид, италијанскиот тренер е должен да присуствува на судењето.
„Она што можам да го кажам е дека тоа е стара приказна за која се надевам дека наскоро ќе се разреши“, рече Анчелоти, коментирајќи го претстојниот судски процес против него.
Според шпанските даночни власти, Анчелоти на даночните власти ги пријавил своите приходи како тренер на Реал Мадрид во 2014 и 2015 година, но не и приход од авторски права или други извори на приход, вклучително и недвижен имот.
Државниот обвинител во соопштението пред една година наведе дека приходите што италијанскиот тренер ги остварил од продажбата на неговите права изнесувале 1,24 милиони евра во 2014 година и 2,96 милиони евра во 2015 година
Анчелоти беше тренер на Реал Мадрид во периодот од 2013 до 2015 година, а на клупата на Кралскиот клуб се врати во 2021 година.
Ново на Сител
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
-

Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски, неговите адвокати бараат ослободителна пресуда
-

Со статистика и без одговори одбележан Светскиот ден за безбедност при работа
-

Кол Томас Ален обвинет за обид за атентат врз Трамп - му се заканува доживотен затвор
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
