Македонија
10. August 2023 - 21:17

Анализа - Колку треба да се покачат пензиите и според која методологија?

Пензионерскиот синдикат дава поддршка на протестот на пензионерите во понеделник поради минималното покачување од 6 отсто. Пресметките што ги направиле првите луѓе на овој синдикат покажале дека пензиите изминативе години, не само што не пораснале туку дури и стагнираат. Па така, пред само две години просечната пензија била поголема од минималната плата, додека пак, денес просечната пензија е помала од минималецот.

Пензионерскиот синдикат има и своја формула за тоа како би требало пензиите да се усогласуваат. За нив, најдобро е растот на примањата на највозрасната популација да биде врзан со просечната плата. Пари во ПИОМ за поголеми пензии, од Синдикатот тврдат дека има. Велат дека Фондот треба да има заштедено пари од периодот 2018 – 2021 кога пензиите не растеа.

Сепак, тие велат е добро барем се врати стариот начин за редовно усогласување на пензиите со трошиците на живот.