Анализа: Дали секоја професија може да има женски род?
Домаќинка, слугинка, наставничка се термини на кои сме навикнати да ги употребуваме во секојдневието. Во минатото, жените носеле етикета дека треба да ги изршуваат обврските во домот, а и грижењето на децата. Но со развојот на општеството, како и се почестата застапеност на жените во професиите во кои доминираат мажите, се појавила потребата од родово именување на професии.
Денеска, се поставува прашањето, дали секоја професија, согласно стандардниот јазик може да има женски род? И академците не можат да дадат одговор на ова прашање.
За да еден одреден феминатив биде вметнат во речникот, експертите велат дека прво мора да се вметне во разговорното секојдневие помеѓу граѓаните, за да се стекне навиката за негова употеба, па по одреден временски период да се одлучува дали ќе биде вметнат во речник. Пример за ова е дилемата меѓу академската заедница, како да се обратиме на жена психолог или педагог.
Симон Саздов од 1945 до 96, прибира над 3.500 феминитиви во македонскиот стандарден јазик на едно место, но според академнската јавност, до денеска има над 1.000 нови.
Лекторите апелираат за секојдневна разговорна употреба на фиминитивите, и во случај да не се вметнати во речник, но секако додека се во духот на македонскиот јазик.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
