Македонија
14. јуни 2022 - 12:23

Аналитичарите сметаат дека нема пречки за издавање томос за МПЦ-ОА

МПЦ е на чекор до добивањето на Томосот за автокефалност по одржаната заедничка литургија меѓу Вселенскиот патријарх Вартоломеј и Архиепископот Г.Г. Стефан, која го означи богослужбеното и канонско единство ,единство на нашата црква со останатите православни цркви. 

Македонските аналитичари сметаат дека постапката која се води е мудра и се надеваат најдоцна за неколку месци на успешен крај но сеуште останува непознато какво ќе биде името на МПЦ-ОА во Томосот.

Не постојат конкретни проблеми кои би можеле да се испречат на издавањето на томос но од  друга страна очекувано е Охридска архиепископија дека нема да и се допадне на Бугарската православна црква.

Инаку деновиве во Струга  се одржува „Втората европска конференција за религиски дијалог и соработка“ на тема „Односот меѓу религијата и глобализацијата  како силен чувар на националниот и верскиот идентитет на која учествуваат 83 експерти од 20 земји од светот.