Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева

Меморандумот меѓу САД и Иран за прекин на војната во Заливот може да биде потпишан уште во недела, изјави западен извор за Ројтерс, а Женева се споменува како најверојатно место за потпишување.
Изворот наведе дека текстот на меморандумот сè уште се финализира и дека Иран се држи до својата позиција дека договорот мора да ги прекине и борбите во Либан, каде што Израел се бори против Хезболах, поддржан од Иран.
Целта е текстот да се финализира до сабота, за да може договорот да го потпишат американскиот потпретседател, Џ.Д. Венс, и претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Бекер Галибаф.
Местото на потпишувањето сè уште не е одредено, но најверојатно ќе биде Женева.
Трамп вчера изјави дека ги откажува новите напади врз Иран што ги најави за дента, бидејќи, како што рече, договорот сега е готов.
„Тукушто постигнавме голем договор за војната со Иран“, изјави Трамп вчера пред новинарите во Белата куќа.
Но, условите на договорот, како што ги опишаа иранските претставници денеска, се чини, му даваат на Техеран многу од тоа што досега го бараше, додека Трамп, се чини, дека добил малку од тоа што го побара, освен повторното отворање на Ормуската Теснина, што Иран ја затвори кога Трамп нареди напади на 28 февруари.
Висок ирански извор денес за Ројтерс изјави дека нацрт-договорот треба да ги укине санкциите врз иранската нафта, да одмрзне милијарди долари заробени средства и да побара крај на непријателствата на сите фронтови, вклучително и во Либан.
Нуклеарните прашања ќе бидат оставени настрана за подоцнежни преговори. Вашингтон сака договор што ќе осигури дека Иран никогаш нема да развие нуклеарно оружје, додека Иран тврди дека дури и не се обидува да развие нуклеарно оружје, туку сака да користи нуклеарна енергија само за мирновременски цели.
Укинувањето на санкциите, одмрзнувањето на иранските средства и прекинот на израелските напади врз Либан се основните барања на Иран, наведува Ројтерс, додавајќи дека изворот не кажал што би понудил Иран за возврат и дека САД сè уште не одговориле на барањето за појаснување.
Иранската новинска агенција Мехр соопшти дека условите на договорот вклучуваат и други клучни отстапки од САД, вклучувајќи обврска за повлекување на американските сили од околината на Иран и презентирање план за обнова на разурнатата економија на Иран.
„САД и нивните сојузници мора да достават планови за обнова на Иран од најмалку 300 милијарди долари“, соопшти иранската агенција.
МИА
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
