Американскиот министер за финансии изјави дека војната со Иран влегува во „завршна фаза“

Соединетите Американски Држави влегуваат во „завршната фаза“ од војната со Иран, изјави министерот за финансии Скот Бесент, додека се подготвува да ги објави, како што ги нарече, најстрогите санкции во историјата против Техеран.
– В зори почнува економски „Д-ден“ – најголемата поединечна финансиска офанзива воспоставена против некој противник – напиша Бесент на Х.
Предвидено е денеска да ги презентира новите мерки на прес-конференција.
Бесент изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ги „демонтираше воените капацитети на Иран“, уништувајќи речиси 100 проценти од неговите воени фабрики и ја „закопа неговата нуклеарна програма“.
– Сега влегуваме во завршната фаза – рече тој.
Трамп во средата најави „економски Д-ден“ за Иран и им се закани на поддржувачите на Техеран со драстични мерки.
„Оние кои се плашат од опасноста да му се спротивстават на Техеран, не треба да ја занемарат цената на тестирањето на Вашингтон“, напиша Бесент на Икс.
„Нашата цел е да ја пресечеме секоја економска линија што го одржува тиранскиот режим, сè додека Техеран не остане целосно изолиран“, додаде тој.
Ново на Сител
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
-

Партиски реакции по одлуката на ОЈО ГОКК да го затвори случајот „Mодуларни болници“
-

Сите кои издаваат сместување имаат обврска да платат данок
-

Николоски: По првите километри од автопатот Прилеп-Битола граѓаните ќе може да возат идната година
-

1,4 милиони евра за обнова на Исарот во Штип
-

Струмица ќе инвестира 30 милиони денари во нов озонатор за фабриката за вода
-

Иран им се заканува на земјите што ја поддржуваат „економската војна“ на САД
-

Преглед на вестите од светот
