„Амбер алерт“ се уште далеку за Македонија
Убиството на Вања мора да промени нешто во Македонија. Таткото на Тијана Јуриќ која летото пред 9 години ја имаше истата судбина со Вања вели дека никој од надлежните во Македонија не ја контактирал неговата организација за искуства за воведување на системот за брзо пронаоѓање на исчезнати деца, во светот познат како Амбер Алерт.
Јуриќ објаснува дека по убиството на неговата ќерка на негова иницијатива е воведен Законот на Тијана кој и овозможува на полицијата при исчезнување на деца истрагата да ја почне веднаш а не да чека 48 часа. Објаснува и како функционира српската верзија на Амбер Алерт која се вика Пронајди ме.
Јуриќ во Македонија дојде со надеж дека ќе ја сретне мајка и на Вања. Се надева дека неговото искуство ќе му помогне на семејството Ѓорчевски кое сега ги живее најтешките моменти.
Тијана Јуриќ беше убиена во јули 2014та во близина на Суботица. Нејзиниот убиец беше уапсен 13 дена подоцна. Српскиот суд го осуди на 40 години затвор.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
