Македонија
4. March 2023 - 16:32

Амамот во Струга оставен на забот на времето поради спорни имотно правни односи

Во срцето на Струга, на само неколку метри од чаршијата, амамот оставен на забот на времето.Иако во минатото бил еден од најпосетуваните објекти значаен споменик на културното наследство поради заплеткани имотно правни односи се распаѓа.Од струшкото муфтивство посочуваат дека во тек е префрлањето на сопственоста и се надеваат дека овој објект ќе се реставрира и повторно ќе биде достапен за посета како за граѓаните така и за туристите.

Објектот кој е значаен беше невидлив и за стружани до  скоро немало никаков пристап поради узурпација на просторот од сите страни. Сега со откупот на дворот се отвора пат кон влезот на амамот.

Струшкиот амам бил функционален се додека бил во сопственост на ИВЗ односно до 1954 година кога тогашната власт истиот го национализирала.Овој објект стар речиси 5 века секогаш им служел на граѓаните без разлика на верска и национална припадност.