Амал Клуни со битна улога во издавањето меѓународна потерница против Нетањаху

Меѓународниот суд за правда во Хаг вчерa издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант и воениот командант на политичко-воената група Хамас. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната меѓу Израел и Хамас.
Но, битна улога во издавањето на меѓународната потерница е Амал Клуни – сопруга на познатиот американски глумец Џорџ Клуни и адвокатка за човекови права, која помогна да се усвои одлуката кај главниот обвинител на Меѓународниот суд. Либанско-британската правничка на оваа задача работи од јуни и беше ангажирана како специјална советничка во истрагата на Обвинителството.
Нејзиниот ангажман не им се допадна на властите во САД. Американскиот претседател Џозеф Бајден го оцени барањето како „безобразно“ и навести дека ќе бидат преземени санкции против сите кои учествувале во утврдувањето на оваа одлука. Поради ова, на Амал ѝ се заканува кривично гонење и може да биде депортирана од САД како странец.
Нејзиниот сопруг Џорџ Клуни му порачал на Бајден преку високиот советник Стив Рикети, дека Амал не се кае за своите постапки и дека нема намера да го повлече својот став.
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
