Македонија
26. July 2026 - 18:50

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово

Превентивна активност „Алкохолот и воланот не се добар пар“ е спроведена денеска во близина на наплатните станици Желино и Тетово, при што на возачите на моторни возила учесници во сообраќајот им биле поделени летоци со информативно - едукативна содржина изготвени од Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за бебзедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

- Целта е зголемување на свеста кај возачите за опасностите од управувањето возило под дејство на алкохол - информира МВР.

Активноста ја спровеле полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово,  во содејство со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово.