-->
-->
Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-->

Светскиот тенисер број 1, Карлос Алкараз, попладнево го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во четвртфиналето на Австралија опен со 7:5, 6:2 и 6:1.
Мечот траеше 2 часа и 18 минути.
Алкараз сервираше пет аса, направи три двојни грешки и реализираше седум од 16 брејк топки.
Де Минаур, рангиран шести на АТП-листата, сервираше еден ас, немаше двојни грешки и реализираше две од седум брејк топки.
Во полуфиналето на Грен слем турнирот во Мелбурн, 22-годишниот Шпанец ќе се соочи со светскиот рекет број 3, Александар Зверев, од Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
-

Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата
