Алкараз е новиот шампион на Австралија опен

Првиот светски рекет Шпанецот Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија Опен откако во денешното финале го совлада десеткратниот победник на овој турнир Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови (2:6; 6:2; 6:3 и 7:5). Финалниот меч траеше 3 часа и 4 минути, а Алкараз ја освои првата титула во Мелбурн.
Финалето почна со доминација на Ѓоковиќ кој првиот сет го доби со 6:2 и притоа успеа да направи два брејка. Во следниот сет иста слика со тоа што во овој сет два брејка имаше Алкараз. Таа тенденција продолжи и во третиот сет во кој Ѓоковиќ спаси и четири сет топки.
Во четвртиот сет Ѓоковиќ спаси шест брејк топки и изедначи на 1:1 во гемови, а не искористи една во деветтиот гем.
Во 12.гем Алкараз ја искористи првата меч топка и го доби сетот со 7:5.
Ова беше 10-ти меѓусебен меч на двајцата тенисери и сега скорот е 5:5 во победи.
Ново на Сител
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
