Алиу: Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје со цел поефикасен итен медицински одговор

На предлог на Министерството за здравство, Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје, со цел воспоставување поефикасен и поодржлив систем за итен медицински одговор, скратување на времето на интервенција и унапредување на капацитетите за спасување човечки животи.
„Одвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа насочена кон зајакнување на организациската и оперативната самостојност на службата. Со формирањето самостоен центар за итна медицинска помош ќе се овозможи поефикасно управување со ресурсите, посебно буџетско планирање, побрзо донесување одлуки и подобрување на одговорот на итните повици. Предложената реформа не претставува создавање нов систем, туку институционално зајакнување и модернизација на постојната организација за подобро планирање на ресурсите, инвестициите и кадровскиот развој“, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.
Од Министерството за здравство соопштија дека во првата фаза е предвидено издвојување на Итната медицинска помош - Скопје како самостојна институција по што постепено ќе следува интегрирање на другите служби во рамките на идниот центар за итна медицинска помош.
Реформата се темели на позитивните искуства од земјите во регионот, каде што итната медицинска помош е организирана како самостојна институционална структура, што овозможува подобра координација на тимовите, поефикасно користење на ресурсите и воспоставување единствени стандарди за работа и професионален развој. Формирањето на центарот ќе придонесе за надминување и на долгогодишните кадровски и организациски предизвици обезбедувајќи поефикасен систем на итна медицинска помош за граѓаните, наведуваат од Министерството.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Еврометар 2026: Расте оптимизмот за демократијата и евроинтеграциите
-

Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
-

Граѓаните да инвестираат во Чербен, наместо да купуваат станови - предлог на Ристов
-

ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
-

Безбедносна конференција во Скопје
