Албанскиот лек со рекордно највисока вредност во однос на еврото

Заедничката европска валута, еврото, го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лек. Според официјалните податоци на Централна банка на Албанија, едно евро сега се менува за 94,3 леки, што е најниско ниво досега.
Од почетокот на годинава, вредноста на еврото се намалила за 2,6 отсто во однос на албанскиот лек, додека во споредба со истиот период минатата година, 3,8 отсто.
-Тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па сè до менувачките операции во големи износи, што е условено од присуство на странски туристи, но и внес на средства од странство во готово, јавија медиумите.
Се очекува европската валута да претрпи дополнително намалување на вредноста, имајќи ја предвид летната туристичка сезона, а не стивнува ни големиот интерес на странците за купување недвижен имот.
-Ваквиот тренд позитивно ќе се одрази кај сите оние лица кои имаат кредити во евра, бидејќи ќе плаќаат помалку. И Владата има корист од силниот лек во однос на еврото, бидејќи плаќа помалку за надворешниот долг. Тие што се директно оштетени се извозниците бидејќи ја продаваат стоката во евра, добивајќи помал профит, наведуваат медиумите.
Американскиот долар исто така бележи благ пад и се менува за 82,30 леки, или 0,12 леки помалку, британската фунта се тргува за 108,83 леки, што е намалување за 0,24 леки, а швајцарскиот франк 101,92 леки што е намалување за 0,40 леки.
Ново на Сител
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
-

Со донација е обезбедена терапија за пациенти со хемофилија
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
