Македонија
5. November 2023 - 16:34

Албанската опозиција се здружи во „Европскиот сојуз за промени“

Меџити, Гаши и Касами и официјално го започнаа заедничкото делување. Под називот Европски Сојуз за промени, најавија дека приоритет ќе им биде борбата против корупцијата и јавно му порачаа дека на Али Ахмети дека ќе направат се за да ја симнат ДУИ од власт.

Здружената албанска опозиција најавува заеднички албански кандидат за претседателските избори. За нив е прифатливо двата изборни циклуса да бидат заедно, но конкретно не одговорија дали размислуваат да коалицираат со некоја македонска партија.

Тројцата албански лидери велат дека не постои алтернатива за евроинтеграциите, но не отстапуваат од нивното барање формулацијата 20 проценти, да биде заменето со албански јазик.

Трите партии ги повикаат и останатите партии да им се приклучат во делувањето, ако навистина сакаат да се случат промени во Македонија.