-->
-->
Ако имате ваков телефон, повеќе нема да можете да користите Фејсбук!
-->

Од компанијата Фејсбук најавија дека нивната апликација до крајот на 2016 година ќе престане да постои на BlackBerry уредите.
Оваа одлука објавена е откако WhatsApp, која е во сопственост на Фејсбук, исто така потврди дека ќе престане да ги подржава BlackBerry телефоните до крајот на оваа година.
- Многу сме разочарани од одлуката на Фејсбук со оглед на тоа дека знаеме колку многу луѓе ја сакаат оваа апликација. Пробуваме да ги наговориме челниците на оваа компанија да ја променат одлуката, но моментално и понатаму стојат на својот став, истакна Лу Газола, лидерот на BlackBerry App екосистемите.
Иако Фејсбук апликацијата ќе престане да постои на BlackBerry телефоните, корисниците на овие уреди нема во потполност да останат без можноста за пристап на оваа социјална мрежа.па така наместо апликацијата ќе можат да го користат веб сајтот.
Да потсетиме BlackBerry во ноември 2015 година го претстави првиот смарт телефон со Андроид, а дали одлуката на отстранување на Фејсбук и ВатсАп ќе ги натера во потполност да се посветат на уредитете со споменатиот оперативен систем, останува да видиме.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
