Aко го закачите овој вирус ќе останете без својот телефон
Нов вирус претставува закана за технологијата. Се работи за Мазар кој се шири по пат на СМС пораки во мобилните телефони. Најголема закана претставува за телефоните кои имаат Андроид.

Овој вирус ако се инсталира на телефонот, може да избрише се од него, па дури и да праќа пораки и да повикува телефонски броеви. Овој вирус кој претставува голема закана го открија стручњаци од Данска, со оглед на тоа дека порака била испратена на повеќе од стотина броеви. Пораките ги примиле голем број лица од земјите низ Европа.
Дури и да добиете порака, која претежно е на руски, нема да имате проблем ако не го инсталирате тоа што се бара од вас. Немојте да отварате линкови од меилот, Фејсбук, Твитер, Вибер, и другите средства за комуникација, ако доаѓаат од непозната личност и ви се чинат сомнителни.

Стручњак за Би-Би-Си коментира дека оваа порака кога ќе ја отворите може да направи голема штета, може да праќа пораки и да врти на броеви, да направи голема сметка, да направи трансакции и слично. Исто така, вирусот може и да ви ги избрише сите податоци од телефонот.
Внимавајте – се што е од непознат број не го инсталирајте и не го отварајте!
Ново на Сител
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
-

ЕУ постигна договор за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
-

Најстудено во Берово, а најтопло во Демир Капија, Скопје и Тетово
