АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани

Во периодот од 24 до 27 август 2026 година, до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пристигнаа повеќе од 130 пријави од граѓани за пронајдени угинати птици. Дел од пријавите се однесуваат на свежо угинати птици, но најголем дел се за птици кои се во напредна фаза на распаѓање и не се погодни за лабораториско испитување за присуство на вирусот на Западнонилска треска. Поради тоа, секоја пријава не може да резултира со земање примерок и лабораториско испитување.
Досега се добиени три позитивни лабораториски резултати. Присуството на вирусот е потврдено кај два угинати гаврани пронајдени на подрачјето на Скопје и кај еден угинат гавран пронајден на подрачјето на Ресен. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжи со спроведување активности за утврдување на епидемиолошката состојба и процена на ризикот од инфекции со вирусот на Западнонилска треска.
Активниот надзор ќе се спроведува на целата територија на државата и ќе опфати живина одгледувана за некомерцијални цели, односно живина во дворови и селски стопанства, птици кои се чуваат во затворени или оградени простори, како и одгледувалишта на водени птици во дворови и селски стопанства.
Апел до граѓаните на територијата на град Скопје
Имајќи предвид дека со досегашното следење на Западнонилската треска е потврдена циркулација на вирусот кај птиците на територијата на град Скопје, нема потреба од понатамошно лабораториско испитување на поединечни случаи на угинати птици на ова подрачје. Граѓаните треба да обрнат особено внимание доколку на исто подрачје, во краток временски период, забележат поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици. Во таков случај потребно е да ја известат Агенцијата за храна и ветеринарство.
За поединечни случаи на угинати птици на територијата на град Скопје, граѓаните треба да се обратат до надлежните комунални служби, односно до ЈП „Комунална хигиена“, за нивно собирање и соодветно отстранување.
Агенција за храна и ветеринарство
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
