Ахмети не сака да ја коментира иконографијата за Курти - Касами очекувал награда, а не казна
Откако опозицинерите Касами и Ганиу минатата недела го примија косовскиот премиер Курти, денеска и Ахмети, како партиски лидер прими функцинер од оваа земја – министерот за транспорт Љибурн Аљиу, инаку еден од најблиските соработници и политички советници токму на Курти.
По средбата во партискотото седиште на ДУИ во Мала Речица и Ахмети и Аљиу дадоа изјава за патот што треба да ги поврзе Тетово и Призрен, но не сакаа да одговараат на прашања.
Косовската атмосфера во албанскииот блок е пресликана и на тетовските булевари. И по пет дена од посетата на Курти косовското знаме не е симнато од улиците. Тоа се вее паралелено со македонското, општинското и албанското.
Касами пак, кој заедно со чаирскиот градоначаник вчера доби прекршочни пријави токму поради неистакнување на македонските симболи при посетата на Курти вели дека наместо казна за настанот, требало да добие награда.
Во меѓувреме во македонскиот блок се уште траат препукувањата кој е одговорен за контроверзната посета на косовскиот државник. Од владејачката СДСМ бараат одговори од Мицкоски за настанот во Тетово.
„Тој не кажа ниту еден збор за тоа што не беше интонирана државната химна, зошто не беше истакнато државното знаме и со тоа се стави во целосна одбрана на неговиот коалиционен партнер. Бидејќи тие немаат што да понудат на граѓаните и решавање на реални проблеми на граѓаните затоа се насочени кон создавање на поделби и на тензии. На сите треба да им биде јасно дека времето на национализам заврши, дека тензии и поделби какви што правеа 11 години ДПМНЕ, народот повеќе нема да дозвол“
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, коментираат дека токму СДСМ прави поделби.
„СДС се власт во државата, дозволиле влез на Курти, му доделиле обезбедување за настанот, го испратиле до граница, и денес држат прес конференција за скандалите кои им се случуваат за време на нивно владеење“
Ова е резултат од нивните ветувања дека ќе обезбедат општество за сите, еднаквост, рамноправност и соживот. Имаме само поделби и порази за македонскиот народ и македонската држава3, велат од партијата на Мицкоски.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
