Македонија
10. April 2023 - 12:18
Агенција за туризам: Со туристичка полиција до побезбеден сектор
Неопходно е формирање на туристичка полиција и инспекција која ќе овозможи сигурност во туристичкиот сектор.
Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот посочуваат дека на тој начин ќе им се олесни на сите оние кои работат категоризирано и според закон, а воедно и ќе се охрабрат и инвеститорите кои сакаат да инвестираат во дестинацијата.
Добрите познавачи сметаат дека системот на субвенционирање на евтини авио летови не треба да се крои по дестинации туку по други елементи во туристичката индустрија.
Туристичкиот сектор веќе работи на збогатување на понудата, за привлекување на што повеќе туристи. Во фокусот треба да биде активен, еко, гастро и рурален туризам.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
