Македонија
14. November 2022 - 16:37

Агелер: Македонија и македонците направија повеќе од доволно за интеграциите

Македонија и Македонците направија тешки компромиси за членството во НАТО и стартот на преговорите со Унијата, порачува новата американска амбасадорка во земјава. Агелер потсетувајќи се на периодот пред 10тина години кога американската амбасада во Скопје го предводела одделението за односи со јавност, вели дека тогаш одлуките за промена на името на државата изгледале невозможни.

Ако некој ми кажеше во 2013 година дека оваа земја ќе го смени своето име за да стане најновата членка на НАТО, јас ќе речев ова не е возможно. Ама го сменивте. И денес за вашата иднина и иднината на вашата генерација имате нов предизвик, а тоа е ЕУ интеграцијата. Оваа земја и овие граѓани направија повеќе од доволното за да ги отворат преговарачките процеси. Влегувањето во ЕУ ќе ја направат по просперитетна и по стабилна оваа земја, рече Агелер.

Пораките Агелер ги испрати од отворањето на меѓународната конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ која се одржува во Охрид. Од нив побара да бидат силата која ќе ја води државата напред и покрај бројните предизивици и препреки на патот кон Унијата.

Вие ја имате моќта да ја подобрите состојбата во вашата држава. Денес за вашата иднина и иднината на вашата генерација имате нов предизвик, а тоа е ЕУ интеграцијата. Оваа земја и овие граѓани направија повеќе од доволното за да ги отворат преговарачките процеси. Влегувањето во ЕУ ќе ја направат попросперитетна и постабилна оваа земја. Процесот на интеграција е комплициран и покрај економската и пандемка криза, влијанието на миграцијата, овие кризи делуваат директно на младите. Оваа земја има голем потенцијал за економски просперитет, за посилни демократски институции и транспарентен судски систем. Мислам дека многу од вас се скептични за силата на овие системи денес, рече Агелер.

Агелер минатата недела ја превзема функцијата како 9-ти амбасадор на САД во Македонија. Во земјава пристигна со ветување дека ќе ја зајакне борбара против корумпираните актери и најава за засилени судски реформи.