60 проценти од децата во охридско – струшкиот регион се со дефоремитети во рбетниот столб
Алармантни податоци и бројки за деформитети. 60 проценти од децата во охридско струшкиот регион имаат деформитети на рбетниот столб. Пасивноста кон било каква физичка активност е најчестата причина за ваквата појава, а дополнително седењето пред телефони и компјутери , пандемијата и онлајн наставата ги продлабочија овие здравствени последици.
Како ризик фактор се јавува и дебелината кај децата болест на модерното време. Проблем претставува и тоа што за младите да може да спортуваат сега потребни се пари за разлика од минатато кога требало само добра волја. Спортистите сметаат дека неопходна е национална стратегија за спорт и мотивирање на младите.
Спортските работници и професори забележуваат дека државата треба повеќе да инвестира во училиштата, во изградба или реконструкција на старите спортски сали, каде што најголем проблем е затоплувањето во текот на зимскиот период, потоа изградба на помошни спортски терени и училишни затворени базени.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
