-->
-->
4/4 за Рома и нова победа за Комо
-->

Екипата на Рома останува на првата позиција во Серија А откако вечерва во четвртото коло ја постигна четвртата победа, а до триумф стигна и учесникот во Лигата на шампионите Комо. Рома постигна победа од 2:0 на гостувањето кај Торино, додека Комо ја победи Парма со 2:1 како домаќин.
Головите за победата на Рома ги постигнаа Даниел Мален во 40.минута и Николо Писили во 90+3 минута. Комо поведе во дуелот со Парма со голот на Џакобо Рамон во 23.минута, а победата беше обезбедена со голот на Каики во 83.минута. Почесниот гол за Парма го постигна Давид Ромеро во 90+2.минута.
Во тек е натпреварот меѓу Интер и Удинезе.
Рома е лидер со 12 бода, пред Комо и Лацио со 10, додека Интер со натпревар помалку има 9 бодови.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски со критики до опозицијата - имаат тотално непознавање на економијата
-

Еврокомесарката Кос најавува дека оваа есен ќе биде „есен на проширувањето“
-

21 барање за 5-ти и 6-ти обид за ин витро на државна сметка
-

МОН со 90 милиони евра гради нови училници за едносменска настава и нови спортски сали
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Расте македонската економија
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за унгарскиот кредит
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи развојот
