Македонија
24. September 2026 - 13:30

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи

На 23.09.2026 во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода  Ј.Ј.(44) од Скопје. Според пријавеното, по претходна расправија, поради нерасчистени имотно-правни односи, во домот на неговиот сосед А.Ш.(38) од Скопје, со остар предмет го нападнал и им нанел повреди на А.Ш., неговата сопруга Ѓ.У. и на сосетката Д.Д., која се обидела да ги раздели. Во врска со настанот, приведен е и А.Ш. и со него бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци соопшти МВР.