41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го спречил извршувањето на службено дејствие од страна на даночни контролори.
Инцидентот се случил на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, каде двајца даночни контролори вршеле службена контрола во врска со претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.
Според информациите од обвинителството, осомничениот се обидел да го спречи нивното постапување, при што фрлал камења кон контролорите и кон нивното службено возило. Поради нападот, контролорите морале да го напуштат локалитетот и не успеале да ја спроведат контролата.
Против 41-годишниот Британец е поведена постапка за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, за кое е предвидена санкција согласно член 382 став 3 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-

Апелација ја одби жалбата на Стојанче Јовановски - осуден дека ја навел сопругата да се самоубие
-

При претрес на стан пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин и поголема количина ЛСД
-

Франција: Портокалов метеоаларм поради горештини издаден за два департмани
-

Денес топло со мала до умерена облачност
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
