37-годишна жена најдена мртва со прострелна рана во главата

Пронајдено е тело на жена со прострелна рана во главата, во скопско, покрај неа пронајден е и пиштолот на нејзиниот сопруг, информираа денеска од Јавното обвинителство.
-Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршија увид на самото место во село Копаница, Скопско, каде беше пронајдено тело на почината 37-годишна жена со прострелна рана во главата. По наредба на јавниот обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расчистување на случајот - соопштија од Обвинителството.
Покрај телото бил пронајден пиштол „глог 19“, сопственост на нејзиниот сопруг.
-Лицето веднаш беше обезбедено и Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело - Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали, по член 396 од Кривичниот законик - споделија од Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот и притворската мерка била прифатена од Судот.
Во меѓувреме, ОЈО Скопје и СВР Скопје продолжуваат да постапуваат, за целосно расчистување на настанот.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
