Македонија
28. September 2026 - 13:35

36-годишен маж од Скопје ја пријавил поранешната партнерка дека физички го нападнала

На 27.09.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Скопје пријави дека на 26.09.2026 околу 03:00 часот во неговиот дом на подрачјето на Чаир, неговата поранешна 34-годишна партнерка М.К. од Скопје физички го нападнала и оштетила дел од покуќнината.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.