21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност

Неготинец бил осомничен за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Вчера во 13:40 часот во ОВР - Неготино бил извршен службен разговор со Д.К., на возраст од 21 година од Неготино, поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик, односно дека во армискиот полигон Криволак ги имал снимено и фотографирано возилата во конвој на АРСМ и ги објавил јавно на платформа на социјална мрежа, со што ја нарушил безбедноста и тајноста на активностите што ги реализира Армијата, појаснија од СВР - Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител.
-По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР Велес.
МИА
Ново на Сител
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
-

Тема на денот со Маринела Величкова, дописник од Скопје за БТА
-

Скопје на патот до престолнина на културата
