20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите

20-тина лица се здобија со полесни и потешки повреди по силното невреме кое попладневно го зафати Скопје.
Според последните информации на Ургентниот Центар во Скопје лекарска помош побарале 9 лица од кои едно лице со потешка повреда на главата и двајца со скршеници, додека 6 лица биле донесени и во старата Градска болница со полесни повреди, набиенци и посекотини и едно лице кое е задржано на опсервација поради повреди на карлица.
Невремето проследено со силен ветер открона голем број дрвја, кровни конструкции од згради и куќи и оштети електрични кабли и автомобили.
Од ЦУК информираат дека над 1000 граѓани пријавиле штети на број за итни повици 112, а состјбата на терен се уште се утврдува.
Штетите кои ги предизвика невремето го активираше и кризниот штаб на Град Скопје, градоначалникот Ѓорѓиевски информираше дека на терен се сите надлежни институции, во постојана координација со Центарот за управување со кризи, МВР, ЕВН и противпожарната бригада на Град Скопје.
Кризните штабови ги активираа и Општините Центар, Карпош, Гази Баба, Бутел, Аеродром и Ѓорче Петров, надлежните најавуваат дека на терен ќе бидат во текот на целата вечер за санирање на штетите и апелираат граѓаните да бидат особено внимателни бидејќи се уште постои ризик да бидат повредени особено од кронви конструкции кои висат од зградите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
