20-тина обучени асистенти во Охрид ќе им помагаат на лицата лицата со попреченост
Преку 20 лични асистенти и негуватели ќе им помагаат на лицата со попреченост и на оние на кои им е потребна помош при извршување на секојдневните лични и домашни активности. Од првата обука има 7 а на втората пријавени се 15 лица. Голем е бројот на оние кои живеат со пореченост, беспомошни и сами па оваа подршка како што посочуваат од Црвениот крст ќе придонесе за нивно независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата.
Од Црвениот крст апелираат на поголема хумност кај граѓаните ,донирање и вклучување во хуманитарни акции.
Лицата со попреченост постојано се соочуваат со институционални и инфраструктурни бариери и помагала.Така што помошта која ја добиваат од личниот асистент е непроценлива. Тие чувствуваат голема сигурност дека нивните потреби ќе бидат задоволени.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
