Македонија
19. March 2024 - 12:22

20 бесправно изградени објекти во Охрид ќе се легализираат

20 бесправно изградени објекти ќе се легализираат во Охрид. Иако од страна на опозицијата на советот на општината беше побарано ваквата одлука да биде одложена затоа што се распишани избори и затоа што еден дел од тие објекти се наоѓаат на површина која претставува државна сопственост мнозинството во советот не го прифати барањето.

Координаторот на советничката група од позицијата во градскиот совет, Божиновски пак на став дека локалната им ветила на граѓаните решавање на легализациите, односно вклопување на бесправно изградените објекти во планска документација од кои дел се поднесени  од 2011 година, и се уште не се решени.

Голем број на нелегални градби чекаат за легализација во Охрид и околината. Од општината велат дека дел од барањата се одбиваат, но дека за дел е утврдено дека нема законски пречки за легализација.