Македонија
14. August 2026 - 14:46

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.С.(18) од с.Лески, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување“.

На 03.08.2026 во СВР Штип, пријавената лажно пријавила дека во с.Лески на непознато лице со нож му нанела убодни рани, соопшти МВР.