-->
-->
17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-->

Седумнаесетгодишно момче од општина Карбинци се здобило со тешки телесни повреди по пад од коњ, по што итно било пренесено на лекување во Скопје.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 јуни 2026 година, во 11:30 часот, од Клиничката болница во Штип било пријавено дека кај нив бил донесен 17-годишник од селото Почивало со сериозни повреди.
Според првичните информации, малолетникот се повредил откако паднал од коњ. Поради тежината на повредите, по укажаната лекарска помош во Штип, тој бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Увид на случајот извршила увидна екипа на СВР Штип, а се работи на утврдување на сите околности под кои се случил инцидентот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
