16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
На штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовирани 16 нови доктори на наука. Најголем број од докторатите се од областа на медицинските науки, клиничка и базична медицина, стоматологија и фармација. По еден докторат има од Факултетот за туризам и бизнис логистика и Факултетот по природни и технички науки. Живееме во динамично општество и токму тие треба да бидат носители на развојот и квалитетот на живот, истакна ректорот Мираковски.
- Ние како институција се трудиме да им овозможиме соодветни услови за истражување, да го поддржиме тоа истражување од сите аспекти, и од ресурси, па дури и материјално да се обезбедат средства за тие истражувања. Јас мислам дека е многу важно да имаме поквалитетен и поголем број на научници кои ќе ги решаваат проблемите. Не постои добро решение за ниту еден проблем, доколку тоа не е базирано на наука. – изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД- Штип.
Патот е тежок, но целта ги оправдува средствата. Титулата доктор на науки ги проширува знаењата и можностите, особено за лекарите.
- Секој докторат е статистичка обработка на податоци, но малку повеќе треба да се насочи на практичното, на тоа што може да го примени во секојдневната работа, изјави Габриела Димова, специојалист радиолог.
- Завршувајќи ја субспецијализацијата на УГД, заедно со целиот тим кардиолози кои работиме во штипската Клиничка болница и Универзитетот, успеваме да помогнеме ние како практичари во едукација на студентите, а еве сега веќе претставува еден плус чекор со кој ќе го зголемиме и прошириме нашето практично делување во областа на кардиовакуларната медицина, изјави Сашко Николов, кардиолог.
Деновиве УГД одбележува 19 години од своето постоење, период во кој на 12-те факултети и 3 академии студирале повеќе од 35 000 студенти.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
