-->
-->
13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-->

Тринаесетгодишно момче од Скопје било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ откако било физички нападнато на подрачјето на Општина Аеродром.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера, 25 септември, во 15:38 часот во СВР Скопје, откако детето било донесено во болницата со повреди.
Според пријавеното, нападот се случил околу 12:20 часот, а во него учествувал С.Р., кој е родител на еден од соучениците на 13-годишникот.
Од МВР велат дека се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
