100.000 евра најдени кај професор и потпретседател на Стоматолошката комора откако студентка платила мито за лиценца

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27 јули поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против три лица, осомничени за кривични дела поврзани со поткуп и противзаконскои влијание.
Како што информираат од МВР, пријавени се А.Т. (27) од Битола за кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, С.Ч. (56) од Гостивар за „примање награда за противзаконито влијание“ и С.Е. (63) од Скопје за „примање поткуп“.
При полициските претреси кај второ и третопријавениот биле пронајдени и одземени 65.280 евра, 29.840 швајцарски франци и 161.500 денари.
Според МВР, пријавената А.Т., како студент на Стоматолошки факултет со намера да се стекне со Уверение за положен стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата, во декември 2025 година по повеќекратна комуникација преку на платформата Вибер, на пријавениот С.Ч., професор на Стоматолошки факултет и поранешен потпретседател на Стоматолошка комора, му дала награда во вид на парични средства кои му ги префрлила на неговата банкарска трансакциска сметка.
Парите, како што велат од МВР, му биле дадени на С.Ч. со цел да изврши влијание кај пријавениот С.Е. во својство на претседател на Комисијата за полагање стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата при Министерството за здравство, при што пријавената А.Т. во декемвриска испитна сесија полагала на 17.12.2025 година пред формираната комисија и без да го поседува потребното знаење се стекнала со Уверение за положен стручен испит.
Ново на Сител
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
-

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
-

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места
